Достапни линкови

logo-print

Иванов: Потребен е нов пристап на ЕУ кон Македонија


Архивска фотографија- Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Самуел Жбогар

Архивска фотографија- Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Самуел Жбогар

Европските интеграции на Република Македонија, состојбите со бегалската и мигрантската криза, како и актуелните политички случувања во државава, биле темите на разговор меѓу македонскиот претседател Ѓорге Иванов и шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар, денеска во Дојран.

Претседателот Иванов на средбата со амбасадорот Жбогар ја посочил потребата од нов пристап на ЕУ кон Република Македонија, истакнувајќи дека досегашниот пристап на Унијата се покажал како непродуктивен и резултирал со ретроградни политички процеси во земјата, наместо унапредување на политичката култура и на реформските процеси.
Во однос на бегалската и мигрантската криза, како што соопшти кабинетот на Иванов, соговорниците размениле мислења за најавите за нов бегалски бран и можностите за зголемување на безбедносните ризици и закани од насилен екстремизам.

Потенцирајќи ја важноста на стабилноста и безбедноста на регионот и Европа, македонскиот претседател ја реафирмирал потребата од пристап до базите на податоци на ЕУ за внесување и споредба на податоци на мигранти и странски терористички борци, размена на податоци и зголемена соработка меѓу разузнавачките и другите безбедносни служби. На средбата претседателот Иванов и амбасадорот Жбогар размениле мислења и за надворешната политика на Република Македонија во однос на соседните земји и активната улога на државава во градењето на регионалната соработка.

XS
SM
MD
LG