Достапни линкови

logo-print

ОН-Русија предложи четири хуманитарни коридори во Алепо


Јан Егеланд, претставник на Обединети нации

Јан Егеланд, претставник на Обединети нации

Русија сака да дискутира за идејата за воспоставување на четири хуманитарни коридори во источен Алепо за да се овозможи помош и да се евакуираат останатите 400 болни и повредени на кои им е потребна помош, соопштија Обединетите нации. Јан Егеланд, првиот човек на хуманитарните сили во Сирија поддржани од ОН, ова го соопшти денеска во Женева на заедничка прес конференција со специјалниот пратеник на ОН Стафан де Мистура.

Егеланд рече дека храна за 150 000 луѓе во областите под контрола на бунтовниците може да биде земена од западните области на Алепо кои се контролирани од владините сили. Де Мистура рече дека околу 27 000 луѓе ги напуштиле источните области на Алепо за време на актуелната офанзива на сириската влада со што бројот на раселени лица од градот се искачил до 400 000.

XS
SM
MD
LG