Достапни линкови

Продавниците во Чеченија нема да продаваат алкохол


Претседателот на чеченскиот парламент Магомед Даудов

Претседателот на чеченскиот парламент Магомед Даудов

Претседателот на чеченскиот парламент Магомед Даудов рече дека сите продавници во рускиот севернокавкаски регион „доброволно“ одбиле да продаваат алкохол по последната сообраќајна несреќа во која загинаа осум луѓе. Даудов зборуваше денеска во Грозни, по состанокот со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој рече дека регионалните власти не планираат да ја забранат продажбата на алкохол.

На 27 ноември седум луѓе меѓу кои и две девојчиња на возраст од 10 и 14 години загинаа во близина на чеченскиот главен град Грозни. Уште едно лице почина подоцна во болница. Истрагата покажа дека судирот на трите возила го предизвикал пијан возач.





XS
SM
MD
LG