Достапни линкови

logo-print

Русија сака да соработува со САД за глобалните проблеми


Рускиот претседател Владимир Путин, во годишното обраќање во Кремљ, изјави дека е важна соработката со САД за решавање на главните проблеми во светот, особено глобалниот тероризам.

„Подготвени сме да соработуваме со новата американска администрација. Важно е да ги нормализираме и да ги унапредуваме нашите односи врз основа на рамноправност и во заеднички интерес.

Соработката меѓу Русија и САД при решавањето на глобалните и регионалните проблеми, е во интерес на целиот свет. Ја делиме одговорноста за меѓународната безбедност и стабилност и за спроведување на програмата за неширење на оружјето за масовно уништување.

Сакам да нагласам дека секој обид за нарушување на стратегискиот баланс е многу опасен и може да доведе до глобална катастрофа. Ние не смееме да го заборавиме тоа ниедна секунда. И секако, ние сметаме на заедничките напори со САД во борбата против вистинската закана, а не имагинарна, тоа е меѓународниот тероризам“, изјави Путин во годишното обраќање во Кремљ.

XS
SM
MD
LG