Достапни линкови

logo-print

Пакистанскиот премиер му се јавил на Трамп


Пакистанскиот премиер Назаф Шариф и избраниот претседател на САД Доналд Трамп

Пакистанскиот премиер Назаф Шариф и избраниот претседател на САД Доналд Трамп

Пакистан соопшти дека избраниот американски претседател Доналд Трамп и понудил на земјата помош во првиот разговор со пакистанскиот премиер Наваз Шариф. Вчера доцна попладнето кабинетот на Шариф соопшти дека пакистанскиот лидер му се јавил на Трамп за да му ја честита изборната победа.

Во соопштението се наведува и дека Трамп на Шариф му рекол дека тој има многу добар углед и дека врши многу добра работа која е видлива во секој поглед. Според напишаното во соопштението, Трамп рекол и дека е подготвен да одигра улога за пронаоѓање и решавање на проблемите. Избраниот американски претседател одговорил и на поканата да го посети Пакистан.

Во соопштението од тимот на Трамп,пак, се наведува дека имале продуктивен разговор за цврстите односи меѓу двете земји во иднина. Односите меѓу САД и Пакистан се влошија последниве години, а САД го обвинуваат Пакистан дека им пружа засолниште на исламските бунтовници, обвинувања кои Исламабад ги демантира.

XS
SM
MD
LG