Достапни линкови

logo-print

ДКСК- Основани се претставките за Спасовски и СДСМ


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Антикорупциската комисија оцени дека се основани претставките поднесени од заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за кршење на одредбите од членот 8а од Изборниот законик. Комисијата утврди и дека биле основани претставките поднесени и од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“ против СДСМ и коалицијата, општината Куманово, градоначаникот на општината и ЈКП Куманово за кршење на одредбите од членот 8б од Изборниот законик.

На денешната јавна седница Државната комисија за спречување на корупцијата ги разгледа двете претставки поднесени на 28 ноември годинава и заклучи да му препорача на ОЈО Скопје како надлежен орган да преземе мерки и активности за испитување на наводите во нив и да достави комплетна информација до Комисијата.

Како што информира известителот Фарие Алиу првиот приговор е поднесен од МВР преку дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Андонов. Во него се наведува дека повредата ја извршил министерот за внатрешни работи Спасовски со злоупотребана својата службена положба и овластување бидејќи на денот и по денот на донесување на решението за распишување на изборите еднострано извршил распоредување и унапредување на лица вработени во МВР.

Претседателот на комисијата Игор Тантуровски во врска со вториот предмет посочи дека станува збор за претставка поднесена од Илија Илиоски, овластениот претставник на Коалицијата за предвремени избори предводена од ВМРО-ДПМНЕ против Коалицијата на СДСМ, општина Куманово, градоначалникот на општина Куманово и ЈКП Куманово.

Тој како што појасни се однесувал на непочитување, односно повреда на одредбите од членот 8б од Изборниот законик и во него се наведува дека повредата ја извршиле вработени во ЈКП Куманово и претставници на СДСМ и коалицијата. Наводите укажуваат дека на денот и по денот на донесување на решението за распишување на изборите користејќислужбени возила и вработени од Јавното комунално претпријатие Куманово пренесуван е изборен и предизборен материјал за партиски цели на СДСМ и коалицијата, рече Тануровски.

XS
SM
MD
LG