Достапни линкови

logo-print

Остануваат разликите меѓу Москва и Анкара за Сирија


Министрите за надворешни работи на Русија и на Турција, Сергеј Лавров и Мевљут Чавушоглу се сретнаа во Аланија

Министрите за надворешни работи на Русија и на Турција, Сергеј Лавров и Мевљут Чавушоглу се сретнаа во Аланија

Турција и Русија се согласуваат за потребата од запирање на борбите во Сирија, но остануваат длабоките поделби меѓу двете страни за конфликтот. Мора да се постигне прекин на огнот во цела Сирија, особено во северниот град Алепо, рече турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на денешната заедничка прес конференција во Аланија со неговиот гостин, рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.

Чавушоглу рече дека Анкара се согласува со Москва во поширока смисла за потребата од примирје, хуманитарна помош и политичка транзиција, но инсистира дека турската позиција за сирискиот претседател Башар ал-Асад останува непроменета. Турција ги поддржува бунтовниците кои се борат против сирискиот претседател, додека Русија е главен поддржувач на режимот во Дамаск.

Лавров, пак, рече дека крвопролевањата во Сирија мора да престанат и дека Москва е подготвена да разговара со сите страни во конфликтот и ќе ја продолжи соработката со Турција. Но, тој исто така додаде дека Русија ќе продолжи со операциите во Алепо каде што сириските владини сили преземаа повеќе од третина од областите кои ги контролираа бунтовниците.

XS
SM
MD
LG