Достапни линкови

logo-print

ОН: Воените закони игнорирани во Сирија


Цивили бегаат од Алепо, 29.11.2016.

Цивили бегаат од Алепо, 29.11.2016.

Шефот за хуманитарна помош на Обединетите нации Стивен О Брајен изјави дека завојуваните страни во Сирија систематски ги кршат воените закони со цел да постигнат предност во конфликтот. Тој на вонредниот сотанок на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека Женевските конвенции немаат никакво значење во Сирија. Советот за безбедност расправаше за очајната ситуација во градот Алепо каде што над 25 илјади луѓе се раселени од нивните домови поради борбите меѓу сириските сили и бунтовниците.

XS
SM
MD
LG