Достапни линкови

ОПЕК: Ќе се намали производството на нафта


Архивска фотографија, лого на ОПЕК, 28 септември 2016 година

Архивска фотографија, лого на ОПЕК, 28 септември 2016 година

На денешниот министерски состанок на ОПЕК во Виена постигнат е договор. 14-те членки на оваа организација се согласија да го намалат производството на нафта од 1,2 милиони барели дневно, со што би довело до зголемување на цените на овој енергенс. Денешниот договор ќе стапи во сила во јануари. По 15 минути од објавувањето на оваа вест цените на нафтата во светот рипнаа за најмалку 8 проценти.

XS
SM
MD
LG