Достапни линкови

ЕУ со осуда за смртната казна во Белорусија


Архивска фотографија, Белорусија, борба против смртната казна, 10 октомври 2016

Архивска фотографија, Белорусија, борба против смртната казна, 10 октомври 2016

Европската унија ја осудува егзекуцијата на двајца осуденици во Белорусија. За погубувањето на двајцата триесетгодишни осуденици јавноста ја информираа нивните роднини. Портпаролот на дипломатската служба на ЕУ изјави дека Минск продолжува со спроведувањето на смртната казна, постапка која е спротивна на европските начела и декларираната подготвеност на Белорусија да соработува со меѓународната заедница.

Егзекутираните затвореници беа осудени на смртна казна заради извршени убиства и тешки кражби. Според меѓународната организација Амнести интернешнл во Белорусија смртните казни се извршуваат „тајно и тивко“.

XS
SM
MD
LG