Достапни линкови

logo-print

Додик: Китаровиќ не смее да се меша во туѓата внатрешна политика


Архивска фотографија, Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, 15 ноември 2016

Архивска фотографија, Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, 15 ноември 2016

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска порача дека работата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ не е да се меша во внатрешната политика на Босна и Херцеговина и Република Српска. Додик, кој се наоѓа во Санкт Петербург, реагираше на изјавата на хрватската претседателка дека референдумот за Денот на Република РС бил самопрвиот чекор и дека може да се очекуваат уште референдуми, па и за независноста на тој ентитет, што, како што кажа, ја отвора можноста за нов конфликт. Тој истакна дека хрватската претседателка „старите стереотипи ги извлекла од плакарот“.

XS
SM
MD
LG