Достапни линкови

logo-print

Трамп го напушта бизнисот


Ново избраниот американски претседател Доналд Трамп

Ново избраниот американски претседател Доналд Трамп

Американскиот новоизбран претседател Доналд Трамп денеска изјави дека во целост ќе го напушти својот бизнис и ќе се фокусира на водењето на земјата. Тој на својот твитер профил најави дека на 15 декември ќе одржи прес конференција во Њујорк со своите деца на која ќе ги соопшти деталите за неговото напуштање на бизнисот и за тоа како ќе се фокусира на водењето на државата. Тој додаде дека документите за транзицијата се подготвени и дека со нив повеќе нема ингеренции во неговиот бизнис. Трамп не соопшти во чии раце ги префрла бизнисот.

XS
SM
MD
LG