Достапни линкови

logo-print

Расте бројот на загинати во Алепо


Сириските семејства го напуштаат Алепо, Сирија, 29 ноември 2016

Сириските семејства го напуштаат Алепо, Сирија, 29 ноември 2016

Најмалку 20 цивили денеска загинаа при последниот напад на владините безбедносни сили во Алепо. Сириската организација за заштита на човековите права, јавува дека при последното бомбардирање десетици се ранети. Во меѓувреме државните медиуми објавија дека 8 цивили загинаа а 8 се ранети при нападот на бунтовниците врз владините сили во западниот дел на градот.

Невладината организација тврди дека за време на владината офанзива во изминативе 78 часови се раселени над 50 илјади луѓе. Според податоците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст станува збор за околу 20 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG