Достапни линкови

Директорот на ЦИА со предупредување до Трамп


Директорот на ЦИА Џон Бренан

Директорот на ЦИА Џон Бренан

Директорот на ЦИА Џон Бренан го предупреди новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговата нова администрација да бидат внимателни „ во слушањето на руските ветувања“ кога станува збор за Сирија, затоа што Москва сноси голем дел од одговорноста за страдањето во таа земја. Тој во интервју за ББС изјави дека Русија е клучен сојузник на сирискиот претседател Башар Ал Асад и Москва и натаму во раце го држи клучот на сириската иднина. Бренан во интервјуто изрази сомнеж дека постои руска волја за постигнување договор и конечен прекин на огнот се додека „ не постигнат што е можно поголем број на успеси во освојувањето на стратегиски борбени точки“.

XS
SM
MD
LG