Достапни линкови

logo-print

Израелски авиони нападнале цели кај Дамаск


илустрација

илустрација

Сириската државна телевизија јави дека два израелски борбени авиона изутрината нападнале цели западно од Дамаск. Се прецизира дека авионите истрелале две ракети, но оти никој не бил ранет. Арапските медиуми наведуваат дека главна цел бил конвој со оружје наменет за либанскиот Хезболах. Веста за нападот е објавена во момент на напнатост на северната граница на Израел по неодамнешниот судар меѓу израелската војска и милитанти на Исламската држава. Сирија и Израел технички се уште се наоѓаат во војна откако Израел ја освои Голанската висорамнина во 1967 година.

XS
SM
MD
LG