Достапни линкови

logo-print

Холандија со закон за забрана на бурка и ниџаб


Ниџаб

Ниџаб

Законодавците од долниот дом на холандскиот Парламент ја одобрија забраната за ограничување носење на облека која го прикрива лицето на жените, вклучително и на носењето на мусламански превез и облека познат како бурка и ниџаб. Законот кој беше усвоен со големо мнозинство мора да биде одобрен и од горниот дом на Парламентот пред да стапи на сила.

Анализите покажуваат дека само неколку стотини жени во Холандија носат ниџаб или бурка. Законот не предвидува целосна забрана, туку ќе се однесува само на забрана за носење бурка или ниџаб во јавниот превоз, образовните институции, болниците и во владините згради.

XS
SM
MD
LG