Достапни линкови

Турција не се откажува од ЕУ, но има алтернатива


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека неговата земја се уште „не ја затворила книгата“ за Европската Унија. Минатата недела Европскиот Парламент препорача замрзнување на преговорите за приклучување на Турција кон Унијата.

Според Ердоган, Анкара „секогаш има и други алтернативи“. Тој посочи и дека со инсистирањето за прекин на преговорите за полноправно членство, ЕУ ја навредила Турција.

XS
SM
MD
LG