Достапни линкови

Тројца преживеани од авионската несреќа во Колумбија


Бразилскиот фудбалер Алан Лучиано Рушел кој ја преживеа авионската несреќа добива медицинска нега.

Бразилскиот фудбалер Алан Лучиано Рушел кој ја преживеа авионската несреќа добива медицинска нега.

Во авионот кој се урна во Колумбија загинале 76 лица, а најмалку тројца преживеани се од бразилски фудбалски клуб кој бил меѓу патниците. Колумбиските власти соопштија дека авионот кој превезувал 81 патник од кои 9 лица биле членови на екипажот се урнал во близина на градот Меделин.

Фудбалерите од тимот Шапекоенсе утре требаше да играат во финалето на американскиот Супер куп. Меѓу патниците имало и новинари, како и стручниот штаб на тимот. Причината за падот на леталото не е позната, но во тоа време, според новинските агенции, во тој регион имало големо невреме.

XS
SM
MD
LG