Стотици илјади во Хавана му оддаваат почит на Кастро
Стотици илјади кубанци му оддаваат почит на нивниот лидер Фидел Кастро кој почина на 90 годишна возраст. Дводневното збогување во кубанскиот главен град Хавана почна вчера каде што долги редици луѓе чекаа со часови да му оддадат почит на нивниот лидер. Повеќето од нив извикуваа „Вива Фидел“.