Достапни линкови

ОН: Заживување на преговорите за обединување на Кипар


Кипар - знаме на Турската Република на Северен Кипар.

Кипар - знаме на Турската Република на Северен Кипар.

Пратеникот на ОН за Кипар, Еспен Барт Еиде денеска разговараше со лидерите на двете кипарски заедници во обид да ги заживее преговорите за повторно обединување на поделениот остров, кои минатата недела завршија со неуспех, откако претходно доаѓаа најави за „многу сериозни надежи“ за поситгнување договор.

„Ние сега работиме да го утврдиме постигнатиот напредок, но тоа е одлука што треба да ја донесат лидерите на островот, изјави Еиде по разговорот со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис.Се обидувам да го олеснам процесот, но не можам да донесам одлука, посочи тој.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ги повика Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи да не пропуштаат „една историска можност за мирот“.

Кипар е поделен од 1974 година, кога неговиот северен дел беше окупиран од Турција, како одговор на националистичкиот државен преврат што имаше за цел приклучување на островот кон Грција.

XS
SM
MD
LG