Достапни линкови

logo-print

Поделен источниот дел на Алепо


Сириските про-владини сили одат покрај оштетените згради во Алепо.

Сириските про-владини сили одат покрај оштетените згради во Алепо.

Сириските владини сили ја преземаа контролата врз шест области во Алепо, кои формално беа под контрола на силите на бунтовниците, при што на два дела ги поделија и останатите источни делови под контрола на бунтовниците, а илјадници цивили беа принудени да избегаат.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон ги потврди извештаите, велејќи дека бунтовниците кои се борат против силите на претсдателот Башар Ал Асад загубиле околу една третина од територијата во источен Алепо и оти ги контролираат областите уште пред два дена.

„Ова е најголем пораз на опозицијата во Алепо од 2012 година“ рече шефот на опсерваторијата Рами Абдулрахим.

Претходно Опсерваторијата соопшти дека владините сили имаат „контрола од поголемиот дел на северот на Алепо“ и дека најмалку 10 илјади цивили го напуштиле градот ноќта меѓу 26 и 27 ноември.

XS
SM
MD
LG