Достапни линкови

logo-print

Кадиров подготвен да биде испрашуван за убиството на Немцов


Рамзан Кадиров зборува во чеченско село на 11.09.2016 година.

Рамзан Кадиров зборува во чеченско село на 11.09.2016 година.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека е подготвен формално да биде испрашуван во однос на убоиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов кое се случи во 2015 година.

Кадиров денеска во телевисиско интервју го нарече Немцов „непријател на Русија“ велејќи дека ќе патува во Москва да одговори на прашањата на истражителите доколку добие покана од суд.

Кадиров рече дека Немцов не му бил личен непријател или пријател, додавајќи оти со убиството на Немцов организаторите на атентатот сакале да ја „дискредитираат Чеченија“ и да се осободат од Кадиров исто како од Немцов.

Кадиров исто така сите оопзициски фигури во Русија ги нарече „предавници кои се подготвени да ја продадат својата татковина за 30 сребреници“, потврдувајќи ја својата целосна лојалност кон рускиот претседател Владимир Путин.

Немцов беше застрелан во близина на Кремљ во февруари 2015 година. Неколку луѓе од Чеченија беа уапсени и обвинети во случајот.

XS
SM
MD
LG