Достапни линкови

logo-print

Фрлен молотов коктел врз турскиот Конзулат во Призрен


Поглед на косовскиот град Призрен.

Поглед на косовскиот град Призрен.

Врз Конзулатот на Турција во косовскиот град Призрен утрово е фрлен молотов коктел, при што е предизвикана мала материјална штета, односно скршено е стаклото на еден од прозореците.

Основниот јавен обвинител на Призрен, Сул Хоџа го потврди инцидентот за косовските медиуми“, додавајќи дека тој се случил во четири часот утрово.

„Нападнат е објкетот на турскиот Конзулат во Призрен, при што е предизвикана само мала материјална штета. Повредени нема, изјави обвинителот.

Според него, екипи на полицијата и Обвинителството извршиле увид, прибрале докази и привеле пет лица. Истрагата продлжува.

XS
SM
MD
LG