Достапни линкови

Паламентот на Црна Гора ја избра новата Влада


Новиот состав во Парламентот во Црна Гора. 24.11.2016 година.

Новиот состав во Парламентот во Црна Гора. 24.11.2016 година.

Црногорскиот Парламент денеска ја избира новата Влада, предложена од мандатарот и заменик претседател на владејачката Демократска партија на социјалистуте (ДПС), Душко Марковиќ.

Во новата Влада, покрај ДПС, ќе учествуваат и претставници на Бошњачката партија, партијата Социјалдемократи, коалицијата на албанските партии и Хрватската граѓанска иницијатива.

Опозицијата не присуствува на седницата. Тие најавија дека на седниците на Парламентот нема да присуствуваат се додека не добијат судски епилог за настаните од изборниот ден на 16 октомври.

Главниот одбор на ДПС на претпладнево едногласно го поддржа предлогот на Марковиќ за составот на новата влада.

Главниот одбор на ДПС, како што соопштија партијата, денеска даде согласност и за Спогодбата за заедничко политичко делување и формирање парламентарно мнозинство и учество во Владата на Црна Гора за мандатот 2016-2020 година.

XS
SM
MD
LG