Достапни линкови

logo-print

СЈО треба да набави дозвола од УБК за употреба на доказите


Првообвинетиот поранешен началник на Петтата управа, Горан Грујовски,

Првообвинетиот поранешен началник на Петтата управа, Горан Грујовски,

Основниот суд Скопје 1 му наложи на Специјалното јавно обвинителство да набави дозвола од Управата за безбедност и контраразузнавање за употреба на доказите кои оттаму се прибавени во судскиот процес. Како причината за тоа судијката Лидија Петковска посочи дека во пресудата нема да можела да ги наведе доказите кои ги достави тимот на Катица Јанева.

Денеска во судот се одвиваше подготвително рочиште на кое обвинителите и одбраната дебатираа за употребата на доказите, кои дел од нив носат назнака класифицирани информации.

Одбраната бараше дел од нив да бидат отфрлени, додека, пак, СЈО тврди дека за тоа нема правна основа. На рочиштето присуствуваа петте обвинети од комисијата во УБК која била задолжена, според обвинението, за незаконско уништување на 2.047 службени списи, од кои 22 се однесувале на незаконското прислушување. На главната обвинителна клупа за прв пат седна и првообинетиот односно поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски, кој не сакаше пред камерите да одговори на новинарските прашања.

Судењето по првиот обвиннителен акт подготвен од СЈО го води судијката Лидија Петровска, за која СЈО бараше изземање поради нејзиното спомнување во таканаречените „бомби“ коишто минатата година ги објавуваше лидерот на опозицијата Зоран Заев. Кривичниот суд го одби барањето на СЈО со образложение дека нема околности што предизвикуваат сомневање за нејзината непристрасност.

XS
SM
MD
LG