Достапни линкови

Лукашенко во посета на Баку


Белорускиот претседател Александар Лукашенко зборува на прес-конференција во Минск на 17.11.2016.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко зборува на прес-конференција во Минск на 17.11.2016.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пристигна на дводневна посета во главниот азербејџански град Баку.

Заменикот премиер на Азербејџан, Јакуб Ејубов и заменикот министер за надворешни работи Халаф Халафов денска се сретнаа со Лукашенко на аеродромот во Баку.

Прес-службата на Лукашенко претходно соопшти дека претседателот на Белорусија ќе одржи разговори со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев и со азербејџанскиот премиер Артур Расизабе, и оти ќе се фокусираат на билатералните економски и трговски врски.

Според прес-службата, се очекува да бидат потпишани неколку договори до крајот на посетата на Лукашенко.

XS
SM
MD
LG