Достапни линкови

Подготвено првото обвинение против офицери за учество во пучот во Турција


Полицаец проверува војник учесник во обидот за пуч во Турција. 16.07.2016

Јавното обвинителство на Истанбул го подготви првиот обвинителен акт против воени лица, кои се осомничени за учество во неуспешниот обид за преврат во Турција во јули оваа година. Обвиненија се покренати против 62 војници, кои се обиделе да преземат контрола над аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул. Тие можат да бидат осудени на по три доживотни казни затвор. Според турските власти, организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, е одговорна за обидот за државен удар во Турција на 15 јули

XS
SM
MD
LG