Достапни линкови

Најмногу коментари за митингот на ВМРО-ДПМНЕ


Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје
Предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Вие коментирате - „Зошто едно слободно Радио поддржува диктатор?“„Уште многу години ќе биде ВМРО на власт а Груевски ќе биде втор Путин“.„Абе не само во живо, туку и во 4D да го давате, човекот е политички мртовец“

Додека, според нашата вообичаена практика, на нашата Фејсбук страница вршевме директен пренос од митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и од говорот на претседателот на Партијата, Никола Груевски, сте испишале над 400 коментари на вашето видување на неговите зборови.

Елисавета Бејкова смета дека „сè што направивте за десет години беше прислушување и крадење, зла крв десет години сеете низ Македонија, нели ви е срам?“ Нагип Даути реагира што правиме директен пренос, па вели: „Абе не само во живо, туку и во 4D да го давате, човекот е политички мртовец“, а Рами Амдиу напишал: „Овој ја утна државата и сите млади ги истера по европските улици, па уште нема срам да лаже“. Савица Наумовска, пак, постирала: „Грујо заборави дека е на власт и како голем опозиционер сам себе си кажува“. Потпишан со Винко Зеко, меѓутоа, постирал: „Уште многу години ќе биде ВМРО на власт, тоа да ви биде јасно на сите“, а во втор коментар вели: „Груевски ќе биде втор Путин“. Марјан Андонов извикува: „Напред Никола, да живее ДПМНЕ!“ А Игор Велиновски, се чини, не ја разбира нашата професионалност, па прашува: „Зошто едно слободно Радио поддржува диктатор?“

Над седумдесет постови „заработил“ Никола Попоски, носител на листа во ИЕ1 од владејачката партија и актуелен министер за надворешни работи. Најмногу реакции за неговото интервју за РСЕ има на неговите зборови дека „судот ќе каже дали некој е виновен“, па Билјана Апостолова прашува: „За кој суд зборуваш, Никола, за оној што издава наредби да влегува полиција во универзитети“. Кире Ружин памети: „Сега ти текна за презумпција на невиност, откако 10 години апсевте со директен пренос на телевизија?“ И Јорданка Богдановска прашува: „Судите од тефтерчето на Гоца?“ Суад Арифовиќ исто така постирал само прашање: „Кој суд, срамото“.

Попоски - Судот ќе каже дали некој е виновен
please wait

No media source currently available

0:00 0:11:22 0:00

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG