Достапни линкови

Сириската армија брзо напредува во Алепо


Илјадници раселени по напредокот на сириската војска во Алепо
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Илјадници раселени по напредокот на сириската војска во Алепо

Десетици илјади жители во бунтовничкиот дел од сирискиот град Алепо беа приндени да ги напуштат нивните домови по брзиот напредок на сириската армија против бунтовниците. Сега се страхува дека најважното бунтовничко упориште би можело да биде поделено, што ќе доведе до натамошни цивилни страдања во градот.

Цивилите пристигнуваат во Џабурин, предградие на Алепо под контрола на владините сили, каде што се сместуваат во приврмени засолништа и каде што добиваат храна и медицинска помош.

Сириската Црвена полумесечина донесе помош, вклучувајќи душеци и санитарни материјали. Цивилите изразија поддршка за сирискиот претседател Башар ал Асад и армијата.

За време на бегањето, како што изјавија, врз нив стрелале бунтовнички снајперисти. Еден од бегалците во болницата ал Рази каде што се сметени повеќе ранети цивили изјави:

„Тие не следеа со оружје и почнаа да пукаат на нас и да викаат. Двајца мажи беа убиени. Имавме две можности: да останеме и да умреме или да избегаме. Но, Господ ни помогна“, рече тој.

Сириската армија и нејзините сојузници во саботата ја презедоа контролата врз големата населена област Ханано во североисточниот дел на Алепо, а неделата и соседната област, Џабал Бадро.

Притоа, според армиски извори, биле убиени голем број на терористи, термин што режимот во Дамаск го користи за своите противници.

Сириски провладини сили во Алепо, 23.11.2016.
Сириски провладини сили во Алепо, 23.11.2016.

Брзиот напредок на сириската армија во последните два дена, по неколку недели на интензивни руски и сириски воздушни напади, ги зголеми стравувањата меѓу бунтовниците дека северниот дел на источниот дел од Алепо може да биде отсечен од јужниот дел.

Тоа ќе ја ослабне нивната контрола врз истокот на градот со што под опасност ќе бидат доведени многу цивили.

Сириската опсерваторија за човекови права, која го следи конфликтот, соопшти дека цивилите засолниште барале во деловите од Алепо што се под контрола на владините сили.

Руските новински агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана, јавија дека над 900 цивили, вклучувајќи и 119 деца, ја напуштиле областа Џабал Бадро во последните 24 часа.

Алепо, кој беше најголемиот град во Сирија пред почетокот на војната во 2011 година, е поделен меѓу владиниот западен и бунтовничкиот источен дел.

Претставници на Обединетите нации проценуваат дека во бунтовничките области под опсада се наоѓале најмалку 250 илјади цивили.

На 15 ноември, сириските власти ја обновија офанзивата за заземање на бунтовничките делови на Алепо. Притоа загинаа 219 цивили, вклучувајќи и 27 деца.

Освојувањето на Алепо ќе биде голема победа за сирискиот претседател Башар ал Асад, по пет и пол години на борба, во која досега загинаа стотици илјади луѓе, а над 11 милиони се раселени.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG