Достапни линкови

Трамп обвини дека имало илегално гласање на изборите


Избраниот претседател на САД Доналд Трамп. Њујорк, 22.11. 2016.

Избраниот претседател на САД Доналд Трамп. Њујорк, 22.11. 2016.

Избраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека тој ќе имал повеќе таканаречени директни гласови на изборите на 8 ноември доколку, како што рече, се одземат гласовите на милиони луѓе кои биле илегални. Трамп кој доби доволно гласови во Изборниот колеџ за да ја обезбеди функцијата ова го напиша на Твитер по што следуваше уште една порака која посочува на сериозни нарушувања на гласањето во Вирџинија, Њу Хемпшир и Калифорнија, државите каде што победи демократскиот кандидат Хилари Клинтон. До ова дојде откако изборниот штаб на Клинтон најави дека ќе земе учество на пребројувањето на гласовите во Висконсин што го побара кандидатот на Зелената партија.

XS
SM
MD
LG