Достапни линкови

logo-print

Фијон стана претседателски кандидат на француската десница


Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон, Париз, 27.11.2016.

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон, Париз, 27.11.2016.

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон ја доби кандидатурата на конзервативците да се трка на претседателските избори во идната година. На вчерашниот втор круг тој доби над 66 насто од гласовите, додека неговиот ривал исто така екс премиер на Франција Ален Жипе 35 проценти. Фијон во текот на кампањата се залагаше за драматични реформи на слободниот пазар, построги правила за имиграцијата и поблиски односи со рускиот претседател Владимир Путин. Политичките аналитичари сега ги очекуваат изборите за претседателски кандидат на владејачката Социјалистичка партија во јануари, како и тоа дали сегашниот непопуларен претседател Франсоа Оланд ќе реши да се кандидира.

XS
SM
MD
LG