Достапни линкови

logo-print

Сириските сили напредуваат во Алепо


Сириски владини сили во Алепо, 23.11.2016.

Сириски владини сили во Алепо, 23.11.2016.

Сириските владини сили брзо напредувале во источниот дел на градот Алепо што е под контрола на бунтовниците. Притоа, според извештаите на Сириската опсерваторија за човекови права, илјадници цивили биле присилени да ги напуштат нивните домови. Со тоа, како што се наведува, силите на режимот на претседателот Башар ал Асад контролирале поголем дел од Алепо. Во меѓувреме, борбите продолжуваат во областа Сакур и доколку владините сили ја освојат, тогаш источниот дел на Алепо ќе биде поделен на два дела. Евентуалното освојување на Алепо ќе биде најголема победа на силите на Асад во петгодишната граѓанска војна.

XS
SM
MD
LG