Достапни линкови

logo-print

Протести против украинската влада во Киев


Поранешниот претседател на Грузија Михаил Саакашвили на анти владин митинг во Киев

Поранешниот претседател на Грузија Михаил Саакашвили на анти владин митинг во Киев

Околу 1.000 луѓе се собраа во центрот на Киев на протест во знак на поддршка на новото политичко движење на чело со Михаил Саакашвили, поранешниот грузиски претседател. Саакашвили го формираше движењето Нови сили и повика на предвремени парламентарни избори во Украина, откако поднесе оставка на функцијата гувернеро на Одеса на 7 ноември и го обвини претседателот Петро Порошенко за корумпирана политичка елита. На митингот учествуваа млади и повозрасни луѓе кои мавтаа со знамиња на Украина и знамиња на Европската унија. Саакашвили го повтори својот повик за предвремени избори." Ние ќе победиме, ќе го вратиме богатство на Украина кон нејзиниот народ и ќе се опорави потенцијалот на државата ", изјави пред приврзаниците Саакашвили.

Саакашвили, кој е познат по прозападните реформи во Грузија, ја подржуваше проевропската револуција во Украина во 2014 година со која беше соборен про рускиот претседател Виктор Јанукович, а по тоа повеќе пати дојде во судир со неколку луѓе од опкружувањето на украинскиот претседател Порошенко.

XS
SM
MD
LG