Достапни линкови

Сириските сили ја вратија контролата во област во Алепо


Сириските владини сили поминуваат покрај уништени куќи во Алепо

Сириските владини сили поминуваат покрај уништени куќи во Алепо

Сириските владини сили презедоа важна област од бунтовниците во источниот дел на Алепо. Државните медиуми јавија дека сириските сили имаат "целосна контрола" на Ханано и оти областа се расчистува од мини и бомби. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон потврди дека владините сили ја контролираат населбата, посетувајќи дека Ханано паднал во рацете на бунтовниците во 2012 година. Во владината офанзива за повторно заземање на источниот град Алепо загинаа 212 цивили, соопшти опсерваторијата.

XS
SM
MD
LG