Достапни линкови

logo-print

На Куба почна 9-дневната жалост


Кубанското знаме на половина копје по повод смртта на револуционерниот лидер Фидел Кастро

Кубанското знаме на половина копје по повод смртта на револуционерниот лидер Фидел Кастро

На Куба почна 9 дневната жалост по повод смртта на револуционерниот лидер и поранешен претседател Фидел Кастро, кој го предводеше комунистичкиот остров речиси половина век. Знамињата се на половина копје на владините згради, а изложбите и концертите се откажани.Масовни протести се планирани за наредните денови во чест на Кастро, кој почина вчера на 90-годишна возраст. Посмртните остенки ќе бидат погребани во источниот град Сантијаго по деветдневна процесија низ земјата.Посмртните остенки треба да бидат кремиран во приватна церемонија во главниот град. Веста за смртта на Кастро предизвикаа реакции на огромна почит од некои светски лидери и истакнати личности, но и осуда од други, вклучувајќи го новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, како и измешани реакции од голем број лидери. Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Кастро ќе биде оценувана според историја. Кастро беше почитуван од многу левичари во целиот свет, кои го гледаа како визионер кој се спротивстави на доминацијата на САД во Латинска Америка, и донесе здравството и образованието на сиромашните, и инспирираше социјалистичките движења низ целиот свет. Но, неговите критичари го обвинуваа дека е автократ кој преземал остри мерки и брутална сила за соборување на дисидентите.

XS
SM
MD
LG