Достапни линкови

МТСП со забелешки за работното време во градинките


Архивска фотографија-Градинка во Битола

Архивска фотографија-Градинка во Битола

Министерството за труд и социјална политика ја отфрла информацијата на СОНК дека во градинките се воведува принудна управа со декрет. Инспекциските служби и понатаму ќе се грижат за спроведување на законитоста во работењето на установите за деца, соопшти МТСП реагирајќи на денешната прес-конференција на претседателот на СОНК Јаким Неделков.

По изршените инспекциски надзори од септември до ноември годинава, од инспектори на Секторот за инспекциски надзор , костатирано е дека во дел од градинките не се почитува работното време согласно законите, посочува Министерството.

По најдените неправилости , како што посочува МТСП, на градинките им биле дадени и решеија со рок ведаш да ја отстранат констатираната неправилост.

– При испекцискиот надзор во Прилеп, Пробиштип, Кочани, Дебар беше утврдено дека дел од давателите на услуги работат по 6 односно 6,30 часа во денот, а во листите за исплата на плата од одговорното лице на установата тие се евидентирани со 8 часа дневна работа и им е исплатена плата за работа од 40 часа во неделата, пишува во соопштението на МТСП.

Инспекторите доставиле известување во кое наведуваат дека согласно Законот за заштита на децата, непочитувањето на работното време претставува прекршок за кој се предвидени глоби.

XS
SM
MD
LG