Достапни линкови

logo-print

Министерката Томовска со писмо до ОБСЕ ја обвинува опозицијата


Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска

Министерката за администрација и информатичко општество Марта Томовска Арсовска се огласи со отврено писмо по забелешките на ОБСЕ/ОДИХР во првиот извештај од набљудувањето на изборите, во кој беа посочени низа нерегуларности и притисоци врз административците, Во обраќањето до ОБСЕ министерката посочува за злоупотреби на администрацијата за кои ја обвинува опозицијата. Според Томовска во изминатиов период вработените во јавниот сектор се предмет на систематска и оркестрирана политичка злоупотреба од политичари, носители на јавни функции, новинари и експерти. Таа пишува дека преку дел од медиумите се врши политичко етикетирање на вработените, кои се нарекувани со погрдни зборови („крлежи“, „штетници“, „корумпирана стока“), а институциите „штали“. Министерката исто така тврди дека во простории на државни институции, опозицијата држи прес конференции на кои се промовираат партиски политики. Додека опозицијата вели “држете го крадецот”, постојат сериозни индиции дека во општините со кои раководи, во работно време ги користи вработените за снимање на партиски спотови и за делење на летоци за отворање на партиски штабови (ова не се злоупотребува од страна на министерството – оставено е на надлежните институции да ја утврдат фактичката состојба), се вели во писмото на министерката за информатичко општество.

Поаради ова Томовска од ОБСЕ бара објективно следење на целата состојба, и објективно известување за изборниот процес, врз основа на докази и факти.

XS
SM
MD
LG