Достапни линкови

logo-print

Светските лидери му одаваат почит на Кастро


Архивска фотографија-Кубанскиот претседател Фидел Кастро и советскиот лидер Михаил Горбачов

Архивска фотографија-Кубанскиот претседател Фидел Кастро и советскиот лидер Михаил Горбачов

Светските лидери му оддаваат почит на Фидел Кастро, кубанскиот револуционер кој го предводеше комунистичкиот остров речиси половина век. Кастро почина синоќа , на возраст од 90 години, соопшти на националната телевизија неговиот брат, претседателот Раул Кастро.
Објавувањето на веста за смртта на Кастро, е проследено со признанија од светските лидер, а синоќа во раните утрински часови на Флорида и Мајами бројната кубанска заедница во егизил организираше прослава во ресторанот Версаилес каде што традиционално се собираат пртивниците на Кастро. Илјадници луѓе излегоа на улиците во Мајами извикувајќи "Куба да ! Кастро не!" Кастро беше почитуван од многу левичари во целиот свет, кои го гледаа како визионер кој се спротивстави на доминацијата на САД во Латинска Америка, и донесе здравството и образованието на сиромашните, социјалистички движења низ целиот свет. Рускиот претседател Владимир Путин го нарече Кастро "симбол на една ера." "Името на овој истакнат државник со право се смета за симбол на една ера во современата светска историја", напиша Путин во телеграма испратена до Раул Кастро, "Фидел Кастро беше искрен и верен пријател на Русија", се вели во телеграмата. Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов го поздрави Кастро пради "зајакнување" на Куба. "Фидел застана и ја зајакна својата земја во време на најтешките американски блокада, кога имаше огромен притисок врз него, а тој од оваа блокада ја поведе Куба на патот на самостоен развој", изјави Горбачов за новинската агенција Интерфакс Социјалистичкиот претседател на Венецуела Николас Мадуро изјави дека "револуционерите на светот мора да го следат неговото наследство." Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека Кастро е приказ на "надежи и разочарувања" на кубанската револуција, истакнувајќи загриженост во врска со кршењето на човековите права за време на режимот на Кастро.

XS
SM
MD
LG