Достапни линкови

logo-print

Јанукович го обвини Киев за саботирање на неговото сведочење


Поранешниот претседател на Укарина Виктор Јанукович

Поранешниот претседател на Укарина Виктор Јанукович

Соборениот претседател на Украина Виктор Јанукович, ја обвини владата на Киев дека го "саботира" неговата видео сведоштво во украинскиот суд на судењето на петмината поранешни полицајци обвинети за убиства за време на антивладините демонстрации во Киев во 2014 година Јанукович, кој сега живее во егзил во Русија, вчера кратко се појави преку видео линк од Ростов-на-Дон пред судницата во Киев. Но, неговото сведочење е одложено на 28 ноември, откако демонстранти од националистичка група го блокираа излезот од затворот каде што се наоѓаат петтемината обвинети, поранешни полицајци. "Имам првични информации дека украинската влада постави провокација со цел да го саботира денешното судско рочиште и да ме спречи да сведочам во случајот ", изјави Јанукович за медиумите, по што неговото сведочење беше презакажано. Јанукович требаше да биде испрашуван како сведок во судењето на петмината поранешни полицајци од Украина кои се обвинети за убиство на демонстранти во немирите. Во коментарите преку видео линк, Јанукович изјави дека сака да " се утврди вистината" за смртта на повеќе од 100 демонстранти за време на протестите . Тој рече дека е заинтересиран за утврдување на вистината во овој случај и казнување на сторителите.

XS
SM
MD
LG