Достапни линкови

Аневски: СЈО нема ингеренции за "Сопот"


Архивска фотографија-Специјалната обвинителка Катица Јанева и претседателот на Советот на Јавни обвинители Петар Аневски.

Архивска фотографија-Специјалната обвинителка Катица Јанева и претседателот на Советот на Јавни обвинители Петар Аневски.

Претседателот на Советот на обвинители, Петар Аневски изјави дека го добил барањето на Специјалното јавно обвинителство за преземање на случајот „Сопот” под нивна надлежност. Аневски вели дека барањето е обемно и ќе го разгледаат наредниот период, но посочува дека предметот што го бара СЈО се случил одамна.

-Настанот се случил пред 13 години и Јанева не е овластена за настаните кои се случиле пред 2008 години. Ние побаравме дополнителни информации од Специјалното обвинителство, но речиси еден месец не сме ги добиле информациите кои сме ги барале, изјави Аневски

Вчера Специјалното јавно обвинителство соопшти дека од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал го побарале предметот познат во јавноста како „Сопот“.

„Предметот е побаран со цел да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации“, е наведено во соопштението на СЈО.

При минатогодишното објавување на опозициските бомби, претставници на СДСМ излегоа со тврдење дека пресудата е политички донесена.

XS
SM
MD
LG