Достапни линкови

logo-print

Грција загрижена поради заканите на Турција за бегалците


Архивска фотографија- Бегалци и мигранти кампуваат во Идомени во Грција

Архивска фотографија- Бегалци и мигранти кампуваат во Идомени во Грција

Грција изрази загриженост поради опасноста да се најде на нов удар на мигрантски прилив, по заканите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека Анкара би можела да ги отвори своите граници кон ЕУ за мигрантите на нејзина територија, како одговор на резолуцијата на Европскиот парламент со кој се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во Унијата.

- Користењето на мигрантите и бегалците за остварување на некои политички цели, претставува акт на аграсија, изјави синоќа грчкиот заменик-министер за одбрана Димитирс Вицас.

Ердоган вчера изјави дека Анкара би можела „да ги отвори границите за мигрантите“ кои сакаат да заминат кон земјите членки на ЕУ.

- Ако и натаму продолжите вака, границите ќе бидат отворени. Имајте го тоа на памет, изјави Ердоган на Конференција за правата на жените во Истанбул.

Европарламентот во четвртокот усвои необврзувачка резолуција со кој се повикуваат Европската комисија и сите земји членки на ЕУ „да иницираат времено замрзнување на пристапните преговори“ со Турција

XS
SM
MD
LG