Достапни линкови

logo-print

Бугарија приведе околу 300 мигранти поради немири во камп


Премиерот на Бугарија Бојко Борисов

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека околу 300 мигранти се уапсени по немирите во најголемиот бегалски камп во земјата. Според последните проценки дваесет полицајци се повредени во немирите. "Околу 300 имигранти, од кои шестмина кои се закана за националната безбедност, се уапсени", изјави премиерот Бојко Борисов, за државното радио во раните утрински часови, по посетата на кампот. Бугарски официјални лица изјавија дека меѓу 1.500 и 2.000 мигранти биле вклучени во синоќешните судирите во Харманли, прифатниот центар за мигарнти во близина на границата со Турција. Бегалците , главно од Авганистан, фрлале камења врз повеќе од 200 полицајци и пожарникари, во знак на протест поради воведениот карантин од медицинска претпазливост. Претходно локалните жители протестираа барајќи кампот за бегалци да биде затворен. Според официјлани статистички податоци околу 13.000 мигранти, од кои повеќето се од Авганистан, во моментов се во Бугарија.

XS
SM
MD
LG