Достапни линкови

logo-print

Почина Фидел Кастро


Фидел Кастро на воена парада на 1 мај 2005 година

Фидел Кастро на воена парада на 1 мај 2005 година

Фидел Кастро, кубански револуционер, кој беше на чело на државата речиси половина век, почина на 90- годишна возраст, соопшти на националната телевизија неговиот брат Раул Кастро. „Главниот командант на кубанската револуција почина во 22 часот и 29 минути“, изјави претседателот облечен во зелена воена униформа, не наведувајќи ја причината за смртта. Фидел Кастро ќе биде кремиран во текот на денешниот ден, според неговата желба, изјави Раул Кастро. На островот ќе биде прогласена неколкудневна национална жалост.

Фидел Кастро се повлече од функцијата во јули 2006 година поради здравствени причини, пред формално да му ја предаде власта на својот брат Раул во 2008 година. Тој беше на чело на кубанската држава 47 години.

XS
SM
MD
LG