Достапни линкови

ОДИХР известени за притисоци врз администрација, самоцензура, вербални напади


Архивска фотографија- Прес конференција на набљудувачката мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, 3.11.2016

Архивска фотографија- Прес конференција на набљудувачката мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, 3.11.2016

Предизборната атмосфера е генерално мирна, со забележани мал број на изолирани инциденти, а набљудувачката мисија беше известена за случаи на наводни притисоци врз вработените во јавната администрација да поддржат одредена политичка партија, се наведува во периодичниот извештај на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР објавен денеска. Во него се наведува и дека соговорниците на набљудувачката мисија изразиле загриженост за широко застапената самоцензура.

„ Широко застапената самоцензура која произлегува од политичкиот притисок врз медиумите, како и случаите на провоцирање и вербални напади врз новинари (особено од страна на владини службеници) се едни од прашањата за кои НМИ на ОБСЕ/ОДИХР ја изрази својата загриженост“ пишува во извештајот.

Мисијата го нотира и прочистувањето на избирачкиот список наведувајки дека и покрај некои критики во однос на теренските проверки, голем број нивни соговорници сметаат дека довербата на јавноста во избирачкиот список е зголемена.

„Официјалните седници на Државната изборна комисија (ДИК) досега беа отворени за набљудувачите и медиумите. Меѓутоа, ДИК често одржуваше и затворени работни седници на кои предмет на дискусија беа суштински прашања“ наведува мисијата.

ОД ОБСЕ/ОДИХР пишуваат и дека изборите ќе бидат набљудувани од меѓународни и од граѓански набљудувачи.


XS
SM
MD
LG