Достапни линкови

logo-print

За изборите акредитирани 300 домашни и 81 странски набљудувач


Архивска фотографија- Седница на Државната изборна комисија

Архивска фотографија- Седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија (ДИК) досега има акредитирано 300 домашни и 81 странски набљудувач за предвремените парламентарни избори на 11 декември. На 6 декември завршува рокот за пријавување за набљудување на изборите според Роковникот на ДИК.

Според информацијата од веб-страницата на ДИК, засега најмногу домашни набљудувачи - 144 има акредитирано Здружението Национален ромски центар (НРЦ) - Куманово, Македонскиот центар за култура и развој 50 набљудувачи, Цивил - Центар за слобода - 46, Центарот за разбирање и институционална соработка - ЦРИС - 45 и НВО Мост - 15 набљудувачи.

Мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР има 34 акредитирани монитори и 30 преведувачи, Советот за јавна дипломатија на Каталонија - Диплокат 15 набљудувачи и шест преведувачи, Комисијата за изборни жалби и приговори на Република Косово 10, Државната изборна комисија на Република Кореа - седум набљудувачи, Амбасадата на Република Словачка пет набљудувачи, Меѓународна соработка Југ Југ - тројца, Меѓународната фондација за изборни системи - ИФЕС - Канцеларија во Република Македонија, Амбасадата на Швајцарија и Централната изборна комисија на БиХ по двајца набљудувачи и Амбасадата на Република Словенија еден набљудувач.

XS
SM
MD
LG