Достапни линкови

Одложено сведочењето на Јанукович


Поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович

Одложено е видео сведочењето на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович во процесот во украинскиот суд против пет полициски службеници осудени за пукање на антивладините протести во Киев во 2014 година. Повеќе од сто демонстранти беа убиени во трите месеци улични протести на киевскиот плоштад Мајдан по кој Јанукович замина во Русија. 48 од нив се верува дека се убиени во февруари 2014 година од снајперисти за кои украинските власти тврдат дека примале директни наредби од Јанукович кој е поддржан од Русија.

Тој требаше да сведочи денеска од судница во рускиот град Ростов на Дон. Сведочењето е одложено за по 28 месецов поради демонстрациите на националистичката група Прави сектор која го блокираше излезот од затворот каде што се петте поранешни припадници на специјалните сили. Портпаролот на групата, како што пренесуваат украинските медиуми, рекол дека тие стравуваат дека осомничените може да бидат пуштени на слобода по сослушувањето во судот.

XS
SM
MD
LG