Достапни линкови

logo-print

Најмалку 20 луѓе умреа од студ во Авганистан


Раматула Хашар, гувернер на областа Дарзаб во Авганистан

Раматула Хашар, гувернер на областа Дарзаб во Авганистан

Најмалку 20 луѓе, најголем дел од нив деца, починаа неделава во северен Авганистан поради ниските температури и силниот снег, соопштија денеска авганистанските власти.

Гувернерот на областа Дарзаб Раматула Хашар за Радио Слободен Авганистан рече дека сите загинати биле внатрешно раселени лица кои ги напуштиле своите домови поради судири и небезбедност. Хашар рече и дека околу сто семејства во моментов живеат во лоши услови, во џамиите и на отворено во планинските подрачја, без пристап до медицински услуги.

Официјалните лица соопштија и дека патот што ја поврзува областа со провинцискиот главен град Шеберган е отсечен од Талибанците. Тие додадоа и дека чекаат подобрување на временските услови за да достават помош по воздушен пат. Гувернерот на провинцијата побара од локалното население да им понудат прифатилиште на раселените.

XS
SM
MD
LG