Достапни линкови

Назарбаев: Нема потреба од менување на името на Астана


Архивска фотографија- Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев

Архивска фотографија- Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев рече дека нема потреба од менување на името на главниот град Астана, откако казахстанскиот парламент предложи да се преименува градот по неговото презиме.Назарбаев во интервју објавено денеска рече дека сите ја знаеле Астана, таа била бренд и немало потреба од промена на името на главниот град.

На 23 ноември казахстанските пратеници изгласаа декларација во која се сугерира преименувања на главниот град и други важни места низ земјата по Назарбаев. Во декларацијата со која се одбележува 25 годишнината од независноста на Казахстан пратениците му одадоа признание на Назарбаев за “извонредната служба” за нацијата.

76 годишниот Назарбаев ја води земјата богата со нафта од 1989 година. Во 2010 година казахстанскиот парламент му ја додели титулата водач на нацијата и му гарантираше на него и на неговото семејство доживотен имунитет од какво било граѓанско или криминално обвинение.



XS
SM
MD
LG