Достапни линкови

ОЈО ја отфрли кривичната пријавата против Панчевски


Архивска фотографија- Основно јавно обвинителство во Скопје

Архивска фотографија- Основно јавно обвинителство во Скопје

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека за да ги проверат наводите во кривичната пријава против претседателот на Основниот суд Скопје 1, покрај материјалните докази односно списи по истражниот предмет и доставеното писмено Укажување, во својство на осомничен го испитале и претседателот на судот Владимир Панчевски, а на трите нивни покани до подносителот на кривичната пријава тој не се јавил.

„Според прибавените докази, дејствието преземено од пријавениот не претставува реално или претпоставено влијание за постапување на истражниот судија распореден по истражниот предмет, бидејќи истото во себе не содржи наредба. Даденото Укажување дава насока како поефикасно и побрзо да се заврши истражен предмет согласно законот, кој многу години не бил завршен. Воедно со истото се бара од истражниот судија, да го извести претседателот на судот за преземените активности поврзани со решавање на конкретниот предмет“ се наведува во соопштението на обвинителството.

Во него пишува и дека при извршеното испитување, пријавениот на записник поднел кривична пријава против подносителот на кривична пријава за сторено кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело по чл.366 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја препрати оваа кривична пријава за понатамошно постапување до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, пишува обвинителството.

XS
SM
MD
LG