Достапни линкови

ЕК цел на голем сајбер напад


Европската комисија соопшти дека вчера била погодена од голем сајбер напад по што бил оневозможен пристапот до интернет неколку часови. Портпаролот на ЕК Маргаритис Шинас за руската државна новинска агенција ТАСС изјави дека притоа не дошло до истекување податоци. Се уште не е познат потенцијалниот извор на нападот кој бил, како што наведуваат некои медиуми, успешно запрен без да дојде до поголемо нарушување на услугите. Нападот се случи во исто време кога украинскиот претседател Петро Порошенко во Брисел се сретна со лидерите на на Европската унија.

XS
SM
MD
LG